Утре едукација за опасностите од брзо и неодговорно возење

Во Спортско рекреативен центар  „Билјаниниизвори“  на 24.02.2016 година  ( среда), од 12 часот и 30 минути до 13 часот и 30 минути, со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи настан од едукативен и забавен карактер,  под мотото „Шампионот обединува – насмевка, живот, едукација“.

idze

idzeПромотор на настанот е познатиот возач и двократен европски шампион во ридско-брзински автомобилизам Игор Иџе Стефановски, најбрзиот човек во Европа, кој ќе говори за безбедноста во сообраќајот.

Целта на оваа кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот е преку посебна програма младите да се едуцираат  за опасностите кои можат да настанат од брзо и недоговорно возење, а воедно и да им се објасни кои се спортските вредности, да го почитуваат фер-плејот во спортот и тимската работа.
Поради тоа што оваа кампања има и забавен карактер во спортската сала „Билјанини извори“ ќе биде обезбедено возило, симулатор и картинг, со што присутните ќе имаат можност да се фотографираат со европскиот шампион, Игор Стефаноски Иџе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top