Условен рефлекс или…?

Повеќето животни што дишат низ устата се проѕеваат. Ние, исто како и повеќето други цицачи, птици и риби, се проѕеваме.

prozeva
проѕева

 

Дури и човековиот фетус е забележан како се проѕева во матката. Но,од каде воопшто потекнува проѕевањето и каков еволутивен напредок носи тоа со себе?

Дали животните се проѕеваат затоа што им е досадно или се уморни? – Не мора да значи. Тешко е да се одговори на ова прашање. За некои видови, тоа може да е начин на наметнување на својата доминација или за комуникација со другите животни, додека пак за други видови тоа е едноставно метод за истегнување на мускулите на вилицата. Постојат докази што сугерираат дека проѕевањето служи за ладење на нашиот мозок. Кога иницираме проѕевање нашиот максилијарен синус се шири и стеснува, дозволувајќи му притоа на воздухот да проструи низ него. Задните ѕидови од нашите синуси се малку потенки за разлика од предните, па така кога ладен воздух струи низ нив доаѓа до ефективно ладење на мозокот. Ова е од суштинско значење бидејќи нашиот мозок е премногу осетлив на високи температури и најдобро функционира на пониски температури.
Научниците ја испитаа оваа претпоставка на стаорци така што им вметнаа сонди кои ги снимаат температурните разлики во мозокот пред и после проѕевањето. Тие забележаа дека температурата е највисока токму во моментот пред проѕевањето и дека драматично се враќа во нормала откако проѕевањето ќе заврши. Ова е силен доказ дека проѕевањето е во директна координација со вентилацијата на синусите и температурата на мозокот.

prozevaСпоред поновите докази, овој процес е всушност од суштинско значење за развојот на мозокот на човековиот фетус. Во 24-тата и 36-тата недела од бременоста, повеќето отварања на устата што се снимени со ултразвучни бранови се поради проѕевање. На крајот од 36-тата недела, проѕевањето престанува. Недоносените бебиња се проѕеваат многу повеќе од доносените, што упатува на фактот дека проѕевањето е важен чекор во процесот на развивање.

Веќе утврдивме дека е важно за нашето здравје, но зошто е толку заразно? Ова потекнува од длабочините на нашиот мозок. Една теорија тврди дека кога заразно се проѕеваме всушност учествуваме во едно поврзано однесување што некогаш им овозможувало на групите да останат сплотени и да предвидат можна опасност. Ваквиот вид на “сточарско однесување“ било есенцијално, а проѕевањето било од голема корист во остварувањето на комуникацијата помеѓу членовите на групата. Меѓу другото, проѕевањето било и начин за искажување претпазливост (оттука може да го споредиме со состојба на поспаност). Постојат многу теории, но вистината е дека само пола од човековиот род подлежат на заразно проѕевање. Претпоставувам дека барем пола од сите вас што го прочитавте овој напис се проѕевнаа барем еднаш.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top