Драма на пребукиран лет на „United Airlines“

Пребукиран лет на „United Airlines“ авиокомпанијата деновиве го привлече вниманието на светската јавност, откако на социјалните мрежи се појави видео, како насилно се отстрануваат патници од летот.

 |   | 

Пребукиран лет на „United Airlines“ авиокомпанијата деновиве го привлече вниманието на светската јавност, откако на социјалните мрежи се појави видео, како насилно се отстрануваат патници од летот.

После инцидентот следуваше јавно извинување од раководните лица на авиокомпанијата, но тоа не ги стивна негативните критики откако жителка на Луисвил, го постира видеото на социјалните мрежи, на кое убаво се гледа како обезбедувањето на сила одвлекуваат патник да го напушти преполниот авион.

Инаку станува збор за доктор кој не сакал да го напушти своето седиште откако по случаен избор бил избран заедно со уште  тројца патници да се симнат од авионот. Иако била понудена компензација од 800 долари и нов билет за друга линија до Луисвил, патникот не се согласил да го напушти авионот.

На социјалните мрежи на големо се повикува на бојкот на авиокомпанијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top