Умерена физичка активност за среќа и ентузијазам

Спортувањето, танцувањето, фитнесот или некој друг вид на физичка активност, го зголемува нивото на возбуда и ентузијазам, покажува новото истражување објавено во списанието Sport and Exercise Psychology.

 |   | 
vezbi
вежби

Спортувањето, танцувањето, фитнесот или некој друг вид на физичка активност, го зголемува нивото на возбуда и ентузијазам, покажува новото истражување објавено во списанието Sport and Exercise Psychology.
pilates
Не е потребно да вежбате секој ден со часови за да почувствувате прилив на позитивни емоции, објаснува професорот по кинезиологија Дејвид Конрои. Неколку часа физичка активност во неделата се сосема доволни за да се подигне нивото на хормоните на среќа и да се намали нивото на стрес хормони како што е кортизолот.
vezbi
Препорачливо е да не се прават долгорочни програми на вежби, поради фактот што ова може да делува демотивирачки и при неисполнување на истиот план да настапи благ период на депресија. За да се добијат максимални придобивки од физичката активност, пожелно е таа да е пријатна и корисна.

Резултатите од истражувањата покажуваат дека луѓето кои сакаат да вежбаат и тоа го прават релативно често, се задоволни од својот живот и се исполнети со ентузијазам и среќа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top