Учениците, професорите и Facebook

Фотографии од учества на натпревари, приредби, екскурзии, соопштенија за одлуки на училиштето, на Министерството за образование, распореди на часови, но и приватни и невкусни коментари на наставници и ученици може да се најдат на фејсбук-профилите и групите на основните и на средните училишта во земјава.

facebook
фејсбук

Фотографии од учества на натпревари, приредби, екскурзии, соопштенија за одлуки на училиштето, на Министерството за образование, распореди на часови, но и приватни и невкусни коментари на наставници и ученици може да се најдат на фејсбук-профилите и групите на основните и на средните училишта во земјава.

Проблемот е што кај повеќето од нив профилите или групите воопшто не се заштитени, па во содржините може да ѕирне секој.

„Многу сте убава, директорке“. „Ако не си ја купила јакнава, да ти биде мака“, коментираат наставниците на фотографијата на директорката направена во бутик, постирана на фејсбук-профилот на училиштето. На друг профил на училиште наставниците си постирале видео, како играат пингвин-танц на некоја прослава во ресторан.

На многу од училишните профили и групи се ставаат фотографии од приватни забави, свадби, документи со матични броеви од учениците, но и поддршка на страници на политичари.

Педагогот Валентина Брњарчевска од Основното училиште „Тихомир Милошевски“, вели дека ваквите однесувања на просветните работници, како и на учениците и родителите може лошо да се одразат на нивните меѓусебни односи. Ова може да влијае и на авторитетот на наставниците.

facebookНедолични коментари

– Пред се`, сметам дека дете под 14 години не треба да има фејсбук-профил. Училиштата, пак, треба да имаат само затворени групи, само за членовите и само во функција на образовниот процес. Има многу злоупотреби, тоа е видливо. Наставник, пак, треба да има професионален профил со кој евентуално би комуницирал со родители или со повозрасни ученици, а личен за свои потреби. Kога едно дете ќе го види наставникот во друга ситуација, недолична, на пример да пие или да е несоодветно облечен, сето тоа може да му го сруши авторитетот – вели Брњарчевска.

И Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на личните податоци смета дека малолетник не треба да има профил на „Фејсбук“.

– Практично „Фејсбук“ не дозволува профил да отвори малолетник, па затоа и се ставаат лажни податоци за годините. Многу често профилите им ги отвораат родители – вели Стојановска.

Директорката на Основното училиште „Војдан Чернодрински“, Христина Ристевска вели дека училиштето нема фејсбук-група.

– Сметам дека нема потреба од тоа. Имавме некоја иницијатива, но не беше професионално изработена, па не ја прифативме. Ваква комуникација е опасна и непотребна и лесно може некој да ја злоупотреби – вели Ристевска.

Секако дека има и многу позитивни примери кога наставниците ги користат социјалните мрежи за интерактивна настава, но експертите велат дека тоа се прави само со строга контрола кој може да ги види информациите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top