Турската опозиција бара анулирање на референдумот

Турската главна опозициска партија официјално побара анулирање на референдумот со кој се зголемува моќта на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

 |   | 

Турската главна опозициска партија официјално побара анулирање на референдумот со кој се зголемува моќта на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Булент Тезкан, партиски функционер во Народната републиканска партија денеска соопшти дека поднеле барање до Високиот изборен одбор наведувајќи дека резултатите од референдумот за уставни измени се нелегитимни поради изборните нерегуларности.

Барањето од секуларната партија доаѓа во време на зголемена загриженост на опозициските партии и на меѓународните набљудувачи за големи изборни нерегуларности на гласањето на 16 април.Со уставните измени за кои гласаа 51,4 отсто од населението му се даваат пошироки овластувања на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и можност да остане на функцијата до 2029 година.

Во обраќањето до пратениците од владејачката партија на Правдата и развојот турскиот премиер Бинали Јидрим денеска рече дека „волјата на народот била изразена на референдумот и дека дебатата е завршена“. Сите треба да го почитуваат исходот, вклучително и главната опозиција, додаде тој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top