Туристички дестинации за дебелеење

Од кои земји туристите покрај фотографии и спомени со себе дома си донесуваат и вишок килограми?

 |  Маја Савиќ  | 
fat tourists
дебели туристи одело

fat touristsНе сакате да се здебелите  додека сте на одмор? Тогаш, никогаш не патувајте во Америка бидејќи луѓето кои таму го поминуваат годишниот одмор се здебелуваат 5 кг. за две недели.
На туристичката мапа на земји во кои гостите најмногу се дебелеат Америка е зациментирана на врвот. Второто место го држат Карибите, на трето место е Франција, на четврто Италија и на петто нашиот јужен сосед Грција.
Најново Британско истражување покажало дека Америка е кобна за витката линија на туристите бидејќи тамошните ресторани нудат висококалорична храна а порциите се огромни.
Статистиката го покажала и следното, од 10 испитаници дури 8 ставаат неколку килца вишок на одмор, минимум 3 максимум 10 што е многу за период од две недели.

А што стои позади оваа појава?
Спроведувачите на истражувањето издвоиле три фактори: алкохол, кој најчесто се смета за составен дел на летувањето, јадење во ресторани, и претерано излежување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top