Туристи гунџала

Eдна жена се пожалила на туристичката агенција дека нејзиниот сопруг ја запоставувал на патувањето поради стомачна танчарка.

 |   | 
odmor
одмор

Најчестите жалби на српските туристи на летните одмори се однесуваат на содржината и квалитетот на одморот, но и на оддалеченоста на пансионот од морето.

Сепак, редовно имало и некои неверојатни жалби, во кои патниците се жалеле зошто виното не било служено во стаклени чаши, па не го почувствувале вистинскиот вкус, како и жалби за тоа дека патувањето не поминало добро бидејќи мажот си ја запоставувал партнерката поради стомачна танчарка.
odmor
Последните жалби кои стигнале на адреса на српската инспекција ги насмеале сите, кога една госпоѓа се пожалила дека поради хлорот во базенот нејзината коса посинела.

На патниците не им одговарало кога персоналот не бил љубезен, но не им одговарало ниту кога тие биле премногу љубезни кон нив, па имало жалби и дека тие им се додворувале на клиентите велејќи им дека се убави.

Секако, тие како најчудна жалба ја издвојуваат онаа кога една жена се пожалила дека нејзиниот сопруг ја запоставувал на патувањето поради стомачна танчарка. Патниците се жалеле и на појава на мравки во нивниот апартман. Кога при интервенција на нивниот водич, апартманот бил испрскан против мравки, тие дури мислеле и дека се отруени.

Инспекцијата интервенирала по секоја пријава, дури и кога сметале дека истата била неоснована.
odmor
Најлудите жалби на британските туристи

–    Свршеникот и јас баравме двокреветна, а не сместија во соба со француски кревет и мојата бременост е директна последица на тоа

–    Нашиот меден месец е уништен бидејќи во текот на одморот видовме еден возбуден слон, по што јас се почувствував непријатно

–    Сите ресторани во Индија служеа храна со премногу кари

–    Во “плиткото“ на хотелската плажа во Шарм ел Шеик имаше премногу риби

–    Додека бевме на одмор, ме касна комарец на што никој не ме предупреди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top