„Три во eдно“, на кино репертоарот во Охрид

Филмското остварување „Три во eдно“ на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажано во сабота на 12-ти септември со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

logo

Филмското остварување „Три во eдно“ на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажано во сабота на 12-ти септември со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

triКино проекциите на филмот ќе се одржат на 13-ти, 14-ти, 15-ти, 16-ти и 17-ти септември, со почеток во 20.00 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Станува збор за урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема: Љубов и Неверство.

Сценарио и режија на Коле Ангеловски. Директор на Фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат актерите: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Никола Настоски и други.

Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа од Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top