„The Artist“ победник на Оскарите

Немата филмска романса „Уметникот“ синоќа во театарот Кодак во Лос Анџелес освои пет Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм.

 |   | 
oskari
oskari

Веќе 84 години во Лос Анџелес вака се доделуваат наградите за најдобрите остварувања во светот на филмот. Можеби носталгично по она што беше почеток на оваа индустрија, токму филмовите со тематики од тоа време однесоа најголем број Оскари.
The Artist
„Уметникот“, црно бела приказна за филмска ѕвезда која бледнее во времето на ерата на немиот филм, покрај Оскарот за најдобро филмско остварување, ги собра и златните статуетки за најдобра машка улога, ја доби францускиот актер Жан Дужардин, за режија, ја доби Мишел Хазанавициус, како и за музика и за костимографија.Meril Strip i Zan Duzardin

Мерил Стрип го доби Оскарот за најдобра женска улога во филмот за поранешната британска премиерка Маргарет Тачер. Ова е трет Оскар што го добива Мерил Стрип, која инаку за оваа награда е номинирана дури 17 пати, поради што таа се пошегува дека публиката можеби е заморена од неа.

Во филмот „Хуго“ на режисерот Мартин Скорсезе, се раскажува за момче загубено во железничка станица и е своевидна ода за почетоците на филмот. Дојде со 11 номинации, од што собра пет, меѓу нив за кинематографија, за сценографија, за озвучување и за визуални ефекти.
Hugo
82-годишниот ветеран Кристофер Пламер го доби Оскарот за споредна улога во филмот „Почетници“, каде што игра остарен хомосексуалец кој се враќа кај своето семејство. Со тоа, тој влезе во историјата како најстар добитник на Оскар.

„Ти си само две години постара од мене. Каде беше целиот мој живот“, и се обрати Пламер на златната статуетка.Plamer i Spencer

За најдобра споредна женска улога, Оскарот го доби новодојденката Октавија Спенсер во филмот „Куќни помошнички“, за правата на црнечкото население на југот на Соединетите Држави.

Иранскиот филм „Разделба“, во кој се говори за развод на едно иранско семејство го доби Оскарот за најдобро странско остварување.

Пакистанската режисерка Шармен Обаид Чиној доби Оскар за нејзиниот документарец „Чување лице“, во кој се говори за жртвите на напад со киселина, односно за стотиците жени во Пакистан кои годишно се цел на такви напади од мажите незадоволни откако ќе го отфрлат нивниот предлог за брак.

Оскарот за најдобар анимиран филм го доби „Ранго“, на кој работеше и студиото за визуелни ефекти ФХ3Х од Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top