Шпанскиот тенисер Рафа Надал ќе се појави во мексиканската серија „Озборувачка: Акапулко“.
Најдобриот шпански тенисер, кој наскоро ќе се вради на терените после терените полсе повредата на коленото, ќе го доживее и својот прв настап на ТВ екраните, и тоа во една мексиканска теленовела.
Надал неодамна најавил дека ќе се врати на тениските терени на АТП турнирот во Вина Дел Мар во Чиле. Тој потоа ќе игра во Бразил, а потоа и на турнирот во Акапулко во Мексико, кој е на програмата на 25-ти февруари. Тој за време на турнирот во Мексико ќе сними епизода за хит серијата „Озборувачка: Акапулко“, која е мексиканска верзија на популарната американска серија.
Некогашниот светски рекет број еден не заиграл од јуни минатата година поради повреда на коленото. Чичкото на Рафаел, Тони, кој е воедно и негов тренер, очекува успешен камбек на шпанскиот тенисер на теренот.
„Рафа тренираше напорно, беше многу агресивен. Сигурно ќе биде тешко да се врати во ритам после толку месеци пауза. Тој оди во Вина со доза на страв, но тоа е разбирливо. Таму ќе игра во дубл со Хуан Монако, па се надеваме дека бргу ќе влезе во ритам. Како и секогаш, тој ќе даде се’ од себе да победи. Се надеваме дека добро ќе ја почне сезоната и ќе биде подготвен за следните обврски“ – рекол Тони Надал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град