Телефон = нервен слом

Чекањето да се јави операторот на оптоварените телефонски линии, не само што е иритантно, туку може и да го загрози здравјето.

zena
жена

Чекањето да се јави операторот на оптоварените телефонски линии, не само што е иритантно, туку може и да го загрози здравјето.

zenaНивото на стрес и крвниот притисок нагло почнуваат да растат доколку чекањето се продолжува, при што на едно лице со просечно здравје му се потребни само шест минути да се достигне критичната точка.
Истото истражување покажало дека музиката која се слуша од слушалката додека сте „на чекање“, наместо да има смирувачко дејство, дополнителено ја влошува ситуацијата.
Испитаниците изјавиле дека најмногу ги нервира музиката на флејта, а веднаш по неа мелодиите на класична музика и звуците од природа, како што е разбивање на брановите од карпа.
Дури четири од пет лица стануваат по одредено време толку фрустрирани така што ја спуштаат слушалката пред да се јави операторот.

Стручњаците за проблеми со стрес тврдат дека секојдневното чекање на телефон може да доведе до низа сериозни медицински проблеми. Чувството на хроничен немир, нарушување во работењето на желудникот и цревата, се само некои, а во најлош случај може да дојде и до нервен слом.
Живееме во доба во кое времето е најголем лускуз, бидејќи никогаш го нема доволно. Во таква ситуација, за жал, наместо да го менуваме пристапот на извршување на работите, бараме уше побрзо задоволување на своите потреби, што предизвикува уште поголем недостаток на време. Епилог на се е појавата на хроничен стрес, објаснуваат експертите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top