театарската група од црвениот крст од охрид настапи на Форум театар во Куманово

Театарската група при Црвен крст Охрид вчера имаше настап на Форум театар во Куманово, во рамки на Проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој“, во организација на Интер Етник Проект ИПГ – Гостивар и Министерство за здравство, со своја театарска претстава  „Кажи НЕ на дрогата, кажи ДА на животот“.

црвен крст

театарВо претставата која е со едукативен карактер, учествуваа 5 млади волонтери на Црвен крст Охрид кои вчера испратија силна порака до кумановската публика, особено младите, да ги согледаат последиците од злоупотребата на дрога и да изберат здрав живот.

Црвен крст Охрид секоја година преку свое учество во манифестации дава придонес во едукација на младите иодржување на ниска преваленца на ХИВ во Република Македонија.

Театарската група составена од волонтери од редот на младите во Црвен крст Охрид и предводена од Весна Терзиоска и Маре Ристеска делуваат во рамки на Црвен крст Охрид и веќе две години се носители на Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ кој на почетокот на летната сезона ги најавува културните збиднувања во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top