Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, од утрово е во Кабинетот на собранискиот претседател, откако ги добил клучевите. Иако вчера му беше привиот работен ден на новата функција, тој не успеа да влезе во кабинетот, оти тој беше зафатен од претходниот претседател Трајко Вељаноски и пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Прв гостин на Џафери во неговиот Кабинет е амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.
Од СДСМ велат дека сега е работа на собраниските служби да ги завршат понатамошните процедури со кои и официјално Џафери ќе може да го испрати писмото до претседателот Ѓорге Иванов, со кое ќе го информира дека е формирано парламентарно мнозинство, на кое ќе треба да му го даде мандатот за состав на нова влада.
Од ДУИ, за понатамошни прашања поврзани со Џафери, упатуваат на Кабинетот на собранискиот претседател.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град