Такси служба од иднината

Вообичаено, кога се качуваме во такси очекуваме од возачот да има некои основни познавања за тоа каде се наоѓаат познатите места во нашиот град.

taxi shanghai
такси шангај

Вообичаено, кога се качуваме во такси очекуваме од возачот да има некои основни познавања за тоа каде се наоѓаат познатите места во нашиот град.

Како и да е, во Шангај, такси возилата имаат цела технологија – тие работат со мапи кои се навистина ефикасни. Може да се каже дека овие таксисти ја претставуваат новата генерација на такси кои поседуваат висока технологија.

taxi shanghaiКако што можете да забележите на сликата подолу, такси возачите во Шангај користат голем број на различни гаџети вклучувајќи и паметни телефони и преносни компјутери. Возачите ја користат оваа технологија со цел да избегнат грешки при локацијата, да ја проверат гужвата во сообраќајот и да откријат која рута директно го носи клиентот до местото каде што сака да пристигне. Она што е навистина добро е тоа што секое такси нуди безжична мрежа за клиентот додека се вози.

Со толкав број специјални можности би очекувале и повисока цена на такси превозот, но во споредба со просечната цена на едно возење со такси во Јапонија, такси услугите во Шангај се навистина евтини. Неверојатно е како компанијата успева да балансира бидејќи наплаќа толку малку а нуди толку многу.
 
Дали ова е наредната генерација на такси возила?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top