Тајните на Охрид: Св. Никола – Долна „Влашка маала“

Охрид некогаш бил познат како градот со 365 цркви. Тие се неодминливите негови тајни и убавини. Денес преку објективот на Ѓоко Симјаноски ви претставуваме една од нив, црквата Св. Никола во Долна „Влашка маала“.

црква

Охрид некогаш бил познат како градот со 365 цркви. Тие се неодминливите негови тајни и убавини. Денес преку објективот на Ѓоко Симјаноски ви претставуваме една од нив, црквата Св. Никола во Долна „Влашка маала“.

цркваСвета Никола е македонска православна црква која се наоѓа во Охрид, на улицата Партизанска и Спас Банџов, во Долна Влашка Маала близу Охридати.

Според преданието кога Џеладин бег го запалил Моско Поле поголем дел од влашкото население се доселило во Охрид и ја подигнало оваа црква. Според натписот на грчки јазик кој стои над влезната врата во црквата, таа е изградена во 1863 година.

Црквата е изградена од цврст материјал: камен и варов малтер, сите ивици се направени од делкан камен, а апсидата изобилува со прекрасни арки од делкан бигорен камен. Таа е еднокорабна засводена со две слепи кубиња, и е невообичаено за тој временски период што не е фрескоживописана. Фрескоживописот кој денес може да се забележи е од раката на Драган Ристески од село Сирула.

Иконостасот на црквата е правен од раката на Дичо Зограф од Тресонче и допојасните престолни икони. Инересно е да се напомне дека дверите на иконостасот, и распетието, не се вклопуваат според стиловите, па поради тоа има мислење дека Распетието, и дверите, се донесени од изгорената црква во Москополе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top