Светскиот ден на културната разновидност

Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св.Апостол Павле”, по петти пат го одбележаа Светскиот ден на културната разновидност, 21-ви мај.

 |   | 

Светот во мало, на градскиот плоштад во Охрид. Калиграфија, егзотични танци и гастрономски специјалитети, беа само мал дел од она што посетителите и охриѓани можеа да го видат и вкусат на Светскиот ден на културната разновидност. Махмут Енес Кемал десет години ги изучува тајните на калиграфијата, кои денес им ги презентира на охриѓани и туристите.

„Јас сум турски студент кој студир на „Балканскиот универзитет“ во Скопје, веќе 5 години живеам во Македонија и денес ме повикаа како претставник на турската студентска организација да ја претставам мојата уметност, јас сум калиграф, па ќе ги пишувам имињата на луѓето кои ќе дојдат тука, на еден ориентален начин да го посетат овој настан.

„Ние доаѓаме од ансамблот „Филиграни“, па ќе се претставиме со неколку игри, најверојатни „Пирин“ и „Копачија“

„Ова е македонскиот штанд на денот на културите и ќе има ајвар, ќе има ракија и се е домашно подготвено.0.24

„Доаѓам од Индија и ќе се претставиме со индиски леб кој го подготви мој пријател, што е еден своевиден специјалитет. Мојата пријателка е од Малезија. Ова се некои проспекти од Малезија па ако некој сака да ја посети Малезија може да дојде, и да ги вкуси слатките од Малезија“.

Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св.Апостол Павле”, по петти пат го одбележаа Светскиот ден на културната разновидност, 21-ви мај.

„Оваа година како и минатата решивме да излезиме надвор во центарот на Охрид на плоштад имаме презентација на неколку држави, ќе има два афрички танцови, еде танц на Шри Ланка, македонска фолклорна група и еде турски перформанс. Покрај тоа на настанот се приклучи и музичкиот клуб при факултетот, а во вечерните часови ќе е забавува охридски локален бенд“, рече Марио Толоманоски – организатор „Светскиот ден на културната разновидност“.

Студентите и професорите од од оваа уникатна високообразовна институција во Македонија на овој настан ги промовираат своите култури преку разни перформанси, танци и презентација на нивната храна. Со ова се афирмира печатот кој интернационалните студенти и професори од овој универзитет го оставаат не само за градот Охрид туку и за Македонија, истакна ректорот на универзитетот, Нинослав Марина. На градскиот плоштад, покрај културото богатство на Македонија беа презентирани и дел од културните одличја на Гана,Камерун, Индија и за прв пат годинава Малезија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top