Свештеник со сопругата ќе води љубов на покривот од црквата

На покривот од парохиската црква во Тексас, свештеникот Ед Јанг и неговата сопруга Лиса, ставиле кревет за да ги охрабрат верниците редовно да водат љубов со цел да го спасат бракот како институција и да бидат подобри верници.

 |   | 
dvojkata Jang
dvojkata Jang

На покривот од парохиската црква во Тексас, свештеникот Ед Јанг и неговата сопруга Лиса, ставиле кревет за да ги охрабрат верниците редовно да водат љубов со цел да го спасат бракот како институција и да бидат подобри верници.
Jang eksperiment
Двојката Јанг, заради демонстрација на замислата, 24 часа ќе минат во креветот во црквата, а својот потфат го нарекле сексперимент.
Инспирирани од фотографиите на Џон Ленон и Јоко Оно од 1969 година, велечесниот и неговата сопруга , исто така, се фотографирале и соопштиле дека со сексот постигнуваат верба и мир.
dvojkata Jang
-Го вративме креветот во црквата. Црквата долги години молчи за сексот, а ние сметаме дека е тоа исклучително битно. Зошто да не разговараме за сексот, сексот е суперлепак во христијанскиот брак. Доколку имате здрава врска и здрав секс нема опасност од разводи, ниту од какво било морално застранување, рече свештеникот Јанг.
Двојката дури ја објави и книгата „Сексперимент: седум дена интимност со вашиот брачен партнер“.

Нивните четири деца во целост се согласуваат со иницијативата на родителите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top