Судската администрација повторно ќе штрајкува

По ланскиот предупредувачки штрајк на преговарачка маса со синдикатот седнале министерот за правда и претставници на судскиот совет  и била формирана работна група, велат од синдикатот на судката администрација.

logo

strikeОсновното барање, измени во законот за судска служба бил прифатен од претставниците на Владата и советот и било договорено текстот на законот да се доработи. Но работата застанала, а резултати нема, пренесува „Телма“.

Поради овој игноратски однос на Владата синдикатот одлучи да штрајкува три дена , а последниот да излезе и на улица. Појаснуваат дека еден час од работното време ќе седат во ходник во судот или посебно определена просторија. Итните постапки и притворите ќе се работат.
Основно барање на синдикалците е почитување на договорот за покачување на платите и подобри услови за работа.

Последниот предупредувачки штрајк на администрацијата беше лани во декември кога поголемиот дел од синдикалците ја прекинаа работата два часа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top