По ланскиот предупредувачки штрајк на преговарачка маса со синдикатот седнале министерот за правда и претставници на судскиот совет и била формирана работна група, велат од синдикатот на судката администрација.

Основното барање, измени во законот за судска служба бил прифатен од претставниците на Владата и советот и било договорено текстот на законот да се доработи. Но работата застанала, а резултати нема, пренесува „Телма“.
Поради овој игноратски однос на Владата синдикатот одлучи да штрајкува три дена , а последниот да излезе и на улица. Појаснуваат дека еден час од работното време ќе седат во ходник во судот или посебно определена просторија. Итните постапки и притворите ќе се работат.
Основно барање на синдикалците е почитување на договорот за покачување на платите и подобри услови за работа.
Последниот предупредувачки штрајк на администрацијата беше лани во декември кога поголемиот дел од синдикалците ја прекинаа работата два часа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град