Стресна живеачка во Македонија како во Гватемала

Американскиот интернет портал „Блумберг“ направи  една ранг-листа на најстресните земји за живеење во светот. Македонија на листата се наоѓа на 9-тото место, Нигерија е на првото, а Норвешка на последното.

stresen

Американскиот интернет портал „Блумберг“ направи  една ранг-листа на најстресните земји за живеење во светот. Македонија на листата се наоѓа на 9-тото место, Нигерија е на првото, а Норвешка на последното.

Оваа ранг-листа Блумберг ја направил според седум критериуми – стапката на убиства, куповната моќ, нееднаквоста во приходите, корупцијата, невработеноста, загадувањето на воздухот и очекуваниот животен век.

tabelaНигерија е најстресната земја за живеење од 74 земји опфатени во ова истражување. Во првите десет земји, според редоследот се и Јужноафриканската Република, Салвадор, Монголија, Гватемала, Колумбија, Пакистан, Јамајка, па доаѓаат Македонија и Боливија.

Од земјите во регионот најблиску до нас е Босна и Херцеговина (13), па Бугарија (23), Србија (28), Грција (30), Хрватска (36)… Последните 5 земји од оваа листа се Австралија, Шведска, Швајцарија, Луксембург и Норвешка.

Македонија лошо стои според критериумите невработеност, корумпираност, загаденост на воздухот и нееднаквост во приходите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top