Повеќето деца поминуваат низ фаза во која се плашат од темнината. Секое „крцкање“ на подот, мрдање на завесите или случајна врева во текот на ноќта нив ги исполнува со терор. Ова е добро! Зошто? Подолу ви ја образложуваме целата причина.
Повеќето деца поминуваат низ фаза во која се плашат од темнината. Секое „крцкање“ на подот, мрдање на завесите или случајна врева во текот на ноќта нив ги исполнува со терор. Ова е добро! Зошто? Подолу ви ја образложуваме целата причина.
Можеби е очигледна поентата, меѓутоа не е темнината онаа од која децата се плашат, туку стравот е од големото чудовиште кои го предизвикало звукот. Овој страв и анскиозноста која се генерира од него, делуваат како проверка и механизам на ограничување против несовесното однесување. Со други зборови, ова е еволутивна предност.
Во поголемиот дел од раните денови на човештвото, ние бевме далеку од врвот на синџирот на исхрана. Нашите предци брзо научиле дека голем дел од предаторите се кријат во темнината за да ловат. Така, со текот на времето асоцијацијата за темнината порасна во апсолутната потсвест: останете понастрана од темнината бидејќи таму е опасноста.
Додека стравот од темнината може да се манифестира како акутна реакција како на пример паника или несоница, тој може да се манифестира и како претчувство на анксиозност. Емоцијата на анксиозност игра голема улога во нашите одговори поврзани со однесувањето на стимулите како што се емоциите за љубов, опасност и тага кои дејствуваат за зголемување на нашата способност да се справиме со стресот.
Анксиозноста ја зголемува вашата свест за ситуациите кои може да ги оштетат вашите репродуктивни ресурси. Не само вашите витални знаци, туку и вашите врски, социјална положба, физички карактеристики; било што што ве прави поатрактивни за спротивниот пол.
За разлика од гневот и тагата кои се случуваат во директен одговор на конкретен настан, ние одговараме на знаците на животната средина, индицирајќи потенцијална загуба во иднината со анксиозност пред очекуваниот настан. Да чувствувате анксиозност поради минатото е целосно губење на вашите ресурси бидејќи без оглед на штетата, таа веќе била наштетена.
Бидејќи одговорите се поврзани со природната селекција, одредени знаци или шеми како на пример, модели на очи на змија и мачка, предмети слични на пајак и темнината (бидејќи таму живеат змиите, леопардите и пајаците) – лесно ја предизвикуваат оваа емоција. Ова е резултат создаден од генерација на генерација, бидејќи човекот се подготвувал за опасности како овие.
Всушност, ова е навистина добар систем. Оваа емоција е усовршувана со векови од страна на природата и нашиот одговор за преживување кој останува корисен во модерниот свет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град