Најмалку 10 лица загинаа, едно се смета за исчезнато, а над стотина се повредени во сударот на два патнички возови во градот Бад Ајблинг во Баварија.
Најмалку 10 лица загинаа, едно се смета за исчезнато, а над стотина се повредени во сударот на два патнички возови во градот Бад Ајблинг во Баварија. Дел од повредените се во критична состојба.
Несреќата се случила утроната пред седум часот на линијата Розенхајм-Холцкирхен, на околу 60 километри југоисточно од Минхен. Од силниот судар еден од возовите излетал од шините. Најмалку осум хеликоптери ги префрлаија повредените во блиските болници, а полесно повредените беа згрижувани на лице место.
– Ова е најголемата несреќа што сме ја имале години наназад во регионот, многу возила на брза помош, доктори, пожарникари и хеликоптери се на лице место – изјави портпаролот на полицијата.
Германскиот министер за транспорт Александар Добринт кој го посети местото на несреќата, изјави дека глетката е застрашувачка.
– Очигледно двата воза се судриле со голема брзина. Сударот се случил на кривина, така што претпоставуваме дека машиновозачите немале визуелен контакт и затоа се судриле без кочење – изјави Александар Добринт.
Надлежните лица спроведуваат истрага за причините на несреќата. Возовите се судриле на дел од маршутата каде што максимална брзина на движење е 120 километри на час. Меѓу загинатите се двајца машиновозачи и двајца кондуктери. Досега се пронајдени две од трите црни кутии.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град