Најмалку 69 лица ги загубија животите а повеќе од 200 се повредени во експлозијата во парк во источниот пакистански град Лахоре, потврдија официјални извори.
Најмалку 69 лица ги загубија животите а повеќе од 200 се повредени во експлозијата во парк во источниот пакистански град Лахоре, потврдија официјални извори.
Според полицијата, станува збор за самоубиствен бомбашки напад а детонацијата одекнала додека паркот бил преполн со семејства.
Според некои шпекулации, цел на нападот биле христијански семејства кои го празнувале велигден.
Новинската агенција Ројтерс пренесе дека најголемиот дел од загинатите и повредените се жени и деца. Сведоците пренесуваат дека по страотните детонации во паркот избувнал хаос и стампедо и голем број деца биле одвоени од родителите, во обид да избегаат што е можно побргу.
Одговорноста за нападот ја презеде милитантната исламистичка група Џамлат ул Ахрар, која се претставува како фракција на пакистанските талибанци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град