Што да се прави кога ќе здрма земјотрес?

Подрачјето во регионот кое ги зафаќа Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Италија, Албанија, Грција, Турција и Македонија се одликува со изразена сеизмичка активност, посебно во последниот период.

zemjotres
земјотрес

Подрачјето во регионот кое ги зафаќа Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Италија, Албанија, Грција, Турција и Македонија се одликува со изразена сеизмичка активност, посебно во последниот период.

Пред земјотрес мора да откриете кое е најсигурното место во просториите, односно каде се наоѓаат главните вентили за плин и главниот прекинувач за струја, како и каде водат и како се затвараат. Секогаш имајте подготвени батерија, радио и кутија за прва помош, како и одредени залихи на храна.

За време на земјотрес е важно да се зачува присебноста на духот и да не се паничи бидејќи паниката може да биде погубна. Доколку во моментот се наоѓате во пониски простории, при првиот потрес излезете од нив на послободно место, оддалечете се од стеблата, уличните светилки, електрични кабли и градби.

анимацијаДоколку сте на повисоките катови, застанете веднаш до основните ѕидови, под вратата, во внатрешниот агол од просторијата или под масата и со рацете заштитете ги очите. Оддалечете се што подалеку од стаклените површини и помалите ѕидови, не употребувајте запалки и отворен оган.

Доколку се наоѓате во автомобил не застанувајте на мостовите или под подвозник или електрични кабли и во тунели. Застанете на отворено место и останете во автомобилот.

Кога ќе престанат првите потреси напуштете ја просторијата на најпогоден начин и со себе земете ги најважните работи. Во никој случај не ја напуштајте зградата со лифт – користете ги скалите. Исклучете ја електричната струја на главниот прекинувач и затворете го плинот на главниот вентил. Не заборавајте на својата хуманост и несебичната помош на настраданите, но не ги поместувајте тешко повредените.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top