Сите старееме, но некои од нас стареат грациозно и со стил. Еве неколку совети како да стареете со помалку брчки.
Сите старееме, но некои од нас стареат грациозно и со стил. Еве неколку совети како да стареете со помалку брчки.
Спијте на грб
Американската академија за дерматологија предупредува дека спиењето во одреденa положбa секоја ноќ по подолг период води кон создавање на длабоки брчки кои ќе престанат да исчезнуваат како обично по будењето. Спиењето на страна гo зголемува појавувањето на брчки на образите и брадата, додека спиењето со главата нурната во перница придонесува за појава на брчки на кожата над веѓите. Затоа, за да го намалите создавањето на брчки на лицето спијте на грб.
Јадете повеќе риба – особено лосос
Рибата, а особено лососот е богат извор на протеини и омега 3 масни киселини. Еластичноста на кожата зависи од протеините додека пак есенцијалните масни киселини влијаат на одржување на нејзината мазност. Јадете риба и со тоа придонесете за подмладување на вашата кожа.
Не мижуркајте – навремено набавете си очила за сонце и очила за читање
Свесното или несвесно изведување на повторувачки лицеви движења како мижуркањето ги пренапрегнува лицевите мускули, а тоа води кон создавање на бразди под површината на кожата. Над браздата со тек на време ќе се создаде брчка. Затоа, престанете со мижуркањето – отворете ги очите! Користете очила за читање доколку ви се потребни. Исто така, задолжително користете очила за сонце. Тие не само што ќе ве спречат да замижувате кога сте изложени на сончева светлина, туку исто така ја заштитуваат нежната кожа околу очите од оштетување предизвикани од сончевите зраци.
Наместо кафе пијте какао
Во едно истражување објавено во “Journal of Nutrition” истражувачите во какаото откриле високи нивоа на два флавоноиди – епитатхин и катехин. Тие ја заштитуваат кожата од оштетувањето предизвикано од сончевите зраци и истовремено придонесуваат за подобрување на нејзината циркулација и хидратација. Како резултат на сето тоа кожата станува помазна.
Внимателно со миењето на лицето
Прекумерното миење ја суши кожата. Со миењето се отстрануваат природните масти кои во неа се излачуваат, а кои се важни за нејзиното навлажнување и за заштита од настанување на брчки. Доколку го миете лицето премногу често, сметајте дека со тоа ја отстранувате природната заштита на кожата. Употребувајте тоник за чистење на кожата, освен ако сапунот кој го користите докажано ја хидрира кожата.
Нека основните правила за нега на кожата станат ваша секојдневна рутина
Доколку сакате кожата што е можно подолго да остане млада, започнете со основните правила. Веројатно подолу наведените правила сте ги прочитале некаде претходно. Сепак, сметаме дека вреди да ги повториме: • Избегнувајте изложување на сонце • Користете крема за сончање со висок фактор на заштита • Престанете со пушењето • Употребувајте хидратантни креми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град