Спектакуларен старт на годинешното „Охридско лето“

Со незаборавен концерт на светската виолинистка Ванеса Меј , синоќа во преполниот  Антички театар во Охрид  беше свечено  отворено  59 то издание на фестивалот Охридско лето.

 |   | 

Со незаборавен концерт на светската виолинистка Ванеса Меј , синоќа во преполниот Антички театар во Охрид беше свечено отворено 59 то издание на фестивалот Охридско лето.

Илјаднитата публика во вековниот театар уживаше во величествениот настап на „чудото на виолина“ , нејзината група и македонската филхармонија.

Со интонирање на фестивалската химна и палење на фестивалскиот оган , годинешното издание за отворено го прогласи покровителот – претседателот Стево Пендароски.

-Во наредните 40 дена ќе бидеме граѓани на уште една наша заедничка татковина. Таа постои од почетокот на човештвото. Нејзините граници се исцртани од човековата креативност. Во неа се зборува универзален јазик и важат споделени вредности. Во таа татковина има место за секого – и за ранливите, и за исклучените и за обесправените. Таа татковина ја градат луѓе кои веруваат во моќта на убавината, да поврзува наместо да разделува. Татковината за која зборувам е уметноста.Годинешното „Охридско лето“ го отвора токму таков светски познат уметник. Виолинистката Ванеса Меј презеде ризик и понуди нов музички стил што излегува од конвенционалните рамки. Таа создава музика што е длабоко вкоренета во традицијата, а сепак релевантна за сегашноста и насочена кон иднината. Во неа го препознаваме ритамот што ги поврзува природата и човештвото. Музиката на Ванеса е гласно сведоштво дека наместо да се исклучуваат, различните културни влијанија можат да се надополнуваат создавајќи поголема вредност. И можеби токму затоа, нејзината музика помирува и поврзува милиони луѓе од различни нации и генерации., рече претседателот Стево Пендароски.

Уметницата со светско реноме приреди незаборавно музичко доживување за посетителите на Античкиот театар, доближувајќи ја класичната музика до пошироката публика. Полна со енергија, насмеана и жива не само на бината, слезе и во партер со виолината. Во повеќе наврати комуницираше со публиката.

-„Оваа музичка нумера е од филмот Александар Велики, и конечно сега е отсвирена на местото каде што треба“, рече Венеса Меј обраајки се на публиката.

-„Охридско лето повеќе од половина век го промовира културното богатство, мултикултурализмот и различностите“, рече министерот за култура Хусни Исмаили.

Оваа година уметничката порака ја испрати режисерот Алексндар Поповски.

Престојните 40 фестивалски денови на програмата на најпрестижната културно сценска манифестација ќе се слави врвната уметност.

Вечер започнува тетарскиот дел од фестивалот со театарската претстава „Самрак на боговите“ според сценариото на Лукино Висконти, Енрико Медиоли и Никол Бадалуко Режисер: Далибор Матаниќ

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top