Совет: зјапајте во женски гради

Една неодамнешна студија потвди дека зјапањето во женските гради може да им го продолжи животот на мажите за пет години.

 |  Маја Савиќ  | 
dekolte
деколте

dekolteЕдна неодамнешна студија потвди дека зјапањето во женските гради може да им го продолжи животот на мажите за пет години.
Имено, студијата спроведена од геронтологот д-р Карен Ведербај покажа дека мажите кои редовно, најмалку по 10 минути, гледаат во женски гради, добиваат еквивалент на 30 минутно вежбање секогаш кога го прават тоа.

Ведербај своето истражување го вршела врз 200 мажи во три различни болници, за време од пет години. Мажите биле поделени во две групи, од кои од едни било барано да гледаат во женски гради секојдневно, додека другите биле замолени да се воздржуваат од таква активност.

Пред да започне истражувањето, на сите мажи им биле извршени медицински испитувања.

После пет години, истражвачите откриле дека мажите од групата на „зјапачи на гради“ имале понизок крвен притисок, помал број на срцеви отчукувања за време на мирување, како и генерално помал број на срцеви заболувања.

reklama za WonderbraВедербај исто така ја истакнува и силната поврзаност помеѓу сексуалната желба и општото здравје.

– Сексуалната возбуда го поттикнува пупмањето на срцето и ја подобрува циркулацијата. Нема никаков сомнеж – зјапањето во женски гради ги прави мажите поздрави, изјави таа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top