Англиската црква ќе му се извини на Чарлс Дарвин за првичното одбивање на неговите теории, речиси 150 години по објавувањето на неговиот најпознат труд.
Англиската црква ќе му се извини на Чарлс Дарвин за првичното одбивање на неговите теории, речиси 150 години по објавувањето на неговиот најпознат труд.
Англиската црква најавила дека со изјава ќе заклучи дека била премногу дефанзивна и премногу амотивна во одбивањето на идеите на Дарвин. Овој храбар потег сигурно нема да ги израдува деловите од црквата кои веруваат во креационизмот и идеите на Дарвин ги сметаат за спротивни на христијански учења.
Извинувањето, кое го напишал пасторот д-р Малком Браун, директор на црквата за мисии и јавни прашања, смета дека христијаните со одбивањето на теоријата на Дарвин за природната селекција ги направиле истите грешки како и со сомневањето во астрономијата на Галилео во 17-от век.
Во изјавата ќе стои: „До Чарлс Дарвин: 200 години по твоето раѓање, Англиската црква ти должи извинување поради неразбирањето, и поради тоа што поради првичната погрешна реакција предизвикавме многумина и ден денес да не те разберат. Сакаме да се вратиме на старите вредности и се надеваме дека ќе ја поправи грешката што ја направивме“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град