Секојдневното земање на мала доза „Аспирин“ може да го спречи ширењето на ракот низ телото.
Секојдневното земање на мала доза „Аспирин“ може да го спречи ширењето на ракот низ телото, а евентуално и да го лекува, покажува студијата на група научници од Универзитетот во Оксфорд.
Научниците тврдат дека првпат се откриени антиканцерогените својства на овој одамна познат лек, откако испитувањата што се правени врз 77.000 пациенти покажале дека „Аспиринот“ го намалува ширењето на канцерот низ телото за 36 отсто.
Професорот од оксфордскиот Универзитет Питер Ротвел тврди дека станува збор за едно мошне значајно откритие.
– Болните може побрзо да умрат како последица на ширењето на ракот, отколку од развојот и растот на самиот канцер, што значи дека доколку се најде третман што ќе го редуцира неговото проширување, тоа ќе претставува важно дополнување во лекувањето, вели професорот Ротвел.
Сите сегасни лекови против ракот се мошне скапи и месечно чинат по неколку илјади фунти, додека едно шишенце од 100 апчиња „Аспирин“ во Велика Британија чини само 1,30 фунти.
Истражувачите од Оксфорд сметаат дека секојдневната употреба на „Аспиринот“ од 75 милиграмо, што инаку им се препорачува на луѓето како заштита од мозочен и срцев удар, па се до доза од 300 милиграми, се покажала корисна во намалување на ширењето на ракот. Лекарите тврдат дека за ефикасност на лекот потребно е секојденво земањето на „Аспири“ во период од 10 години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град