Поради трагичната смрт на актерот Пол Вокер одложено е снимањето на седмото продолжение на филмот „Fast & Furious“.
Поради трагичната смрт на актерот Пол Вокер одложено е снимањето на седмото продолжение на филмот „Fast & Furious“. Пред два дена Вокер трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Санта Кларита, Калифорнија.
Во филмот Вокер ја толкуваше улогата на Брајан О’Конер. Актерската екипа денеска требаше да продолжи со снимањето по празничниот викенд, но поради смртта на Вокер истото е одложено. Режисерот Џејмс Ван и студиото Universal одржаа телефонска седница на која разговарале за иднината на филмскиот проект.
Можно е да има измени на сценариото на начин на кој ќе се испочитува смртта на Вокер. Поголемиот дел од филмот е веќе снимен, а во јануари сите требаше да отпатуваат во Абу Даби за да ги снимат преостанатите сцени, пренесува Hollywood Reporter.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град