Сладолед од мајчино млеко во Лондон

Еден лондонски ресторан на своите гости им нуди специјален сладолед направен од мајчино млеко, наречен „Бејби Гага“.

 |  Маја Савиќ  | 
sladoled
сладолед

Еден лондонски ресторан на своите гости им нуди специјален сладолед направен од мајчино млеко, наречен „Бејби Гага“.

Десертот се подготвува благодарејќи на донацијата на лондончанката Викторија Хили. Оваа 35-годишна мајка изјави дека на ваквиот чекор се одлучила за да го поттикне доењето на бебињата.

– Доколку возрасните откријат колку е вкусно мајчиното млеко, тогаш тоа ќе придонесе да се охрабрат мајки кон доењето и кон ваквиот начин на прехранување на штотуку родените деца, вели Хили.
sladoled
Сладоледот „Бејби Гага“ се нуди во еден од рестораните на лондонскиот Ковент Гарден, сместен во центарот на британскиот главен град, по цена од 14 фунти (околу 18 евра). Се сервира со ванила од Мадагаскар и со вкус на лимон и други додатоци.

Создавачите на овој сладолед веруваат во успехот на својот рецепет. – Ако мајчиното млеко е добро за нашите деца, зашто не би било добро и за сите другите, вели еден од авторите на овој деликатес.

Сладоледот направен со мајчино млеко, според неговото објаснување, е „чист, здрав, органиски и целосно природен”. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top