Што ни се случува кога ќе се напиеме Coca Cola?

Кога ќе се напиеме Кока кола ние се дрогираме, иако кокаинот го тргнале од неа уште пред стотина години.

 |   | 
coca-cola
coca-cola

Еве што се случува во вашето тело откако ќе испиете една лименка “Kока-кола”:

10 минути потоа
: 10 кафени лажички шеќер “го раскинуваат” вашиот организам (таа количина е 100% од дневната препорачлива количина на шеќер). Нема автоматски да повратите бидејќи фосфорната киселина го анулира вкусот на благо.

20 минути потоа
: Kоличината на шеќер во крвта нагло се покачува, предизвикувајќи инсулинска експлозија. Вашиот црн дроб реагира така што сите шеќери коишто ќе ги најде во крвта ги претвора во маснотии.

40 минути потоа
: Кофеинот е во потполност апсорбиран. Ви се шират зениците, ви се покачува крвниот притисок… како реакција на тоа црниот дроб пумпа уште повеќе шеќер во вашиот крвоток. Рецепторите на аденозин во мозокот тогаш се блокирани, што спречува чувство на вртоглавица.

45 минути потоа: Телото го зголемува производството на допамин, стимулирајќи ги центрите за чувство на задоволство во мозокот. Впрочем на овој начин делува и хероинот.

coca-cola60 минути потоа: Фосфорната киселина се врзува со калциумот, магнезиумот и цинкот во дебелото црево, тоа овозможува дополнителна експлозија во вашиот метаболизам. Ова се комплицира со големите дози на шеќер и вештачки засладувачи кои дополнително го зголемуваат излачувањето на калциумот преку урината.

Повеќе од 60 минути потоа
: Диуретичките својства на кофеинот почнуваат да влијаат на вашето тело (имате чувство дека треба да мокрите). Тогаш сиот калциум, магнезиумот и цинкот кои биле наменети за вашите коски и телото, како и електролитот натриум и водата излегуваат од телото.

Како што се смирува хаосот во вашето тело почнувате да чувствувате недостаток на шеќер. Можете да станете раздразливи и поспани. Веќе сте ја исфрлиле сета вода од пијалакот што сте го внеле, но откако таа се споила со најважните хранливи материи од вашето тело заедно со останатата вода која го хидрира организмот, и која заедно со останатите супстанци можела да се искористи за создавање поцврсти коски и заби.

Потоа следи недостаток на кофеин, кој настанува по неколку часа (повеќе го чувствуваат пушачите).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top