Шампањско диета

Диетата со шампањско не само што овозможува алкохол, туку и ве охрабрува дневно да испиете една до две чаши како дел од планот за слабеење.

 |   | 
shamanj dieta
Шампањ диета

Како да бидете во форма пред почетокот на новогодишните празници, а притоа  да не се откажете од добрата забава? Оваа дилема постои кај многу дами токму во декември, бидејќи повеќето диети забрануваат консумирање алкохол, и тоа стриктно. Затоа, секако, некој се сетил работите малку да ги промени.
Диетата со шампањско не само што овозможува алкохол, туку и ве охрабрува дневно да испиете една до две чаши како дел од планот за слабеење.
shamanj dieta
Според Кара Алвил Либи која ја осмислила оваа диета со шампањско, овој режим на исхрана е дел од здравото живеење, но нуди и добра забава.
Следејќи ја оваа диета, таа тврди дека се трансформирала од личност која постојано е депресивна кога се во прашање килограмите во жена која има повеќе желба за живот. Таа истакнува дека се постојано се борела со килограмите, константно испробувала нови диети, но ниту една немала ефекти.
Стресот поради работата заедно со останатите обврски ја терало неконтролирано да голта храна во движење и да ја залива со црвено вино секој ден. Кара одлучила виното да го замени со шампањско и едноставно да бира здрави продукти место постојано да се изгладнува.
Елизабет Велшебаум, нутриционистка во британската фондација за исхрана, вели дека една до две чаши шампањско дневно препорачува и Министерството за здравство.
shamanj dieta
Една чаша шампањско има 91 калорија, а некои видови имаат само 65 калории. Со оглед на тоа дека меурчињата побрзо стигнуваат во вашиот крвоток, внесувате помала количина од овој алкохолен пијалак.
Менито на оваа „диета“ е едноставно, не постојат забранети продукти, но фокусот е на исхраната со висок квалитет, хранливи материи и многу вкусни работи. Вкупно дневно можете да внесете од 1.200-1.400 калории, а наместо хамбургерите и помфритот можете да изедете чаден лосос со зелена салата и една чаша шампањско.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top