Сезоната на настинки и грипови веќе започна. Дали сте подготвени за неа? Проверете дали ги знаете сите задолжителни работи за нив.
Сезоната на настинки и грипови веќе започна. Дали сте подготвени за неа? Проверете дали ги знаете сите задолжителни работи за нив.
1. Доколку постои една работа која може да ја правите, тоа е редовното миење на рацете. Не сакате да се разболите годинава? Вашата најдобра заштита е редовно и внимателно миење на рацете. Треба да ги миете рацете најмалку половина минута.
2. Вежбањето може да го спречи појавувањето на настинка и грип. Редовната физичка активност го забрзува имунолошкиот систем, што може да ги намали болните денови, па дури и да го спречи разболувањето.
3. Грипот може да биде смртоносен. Во 1918 и 1919, приближно 3-5% од светското население, односно речиси 50 милиони луѓе умреле од „шпанскиот грип“. Тоа е повеќе од бројот на луѓе кои умреле во било која војна во 20-тиот век и најверојатно претставува најсмртоносната пандемија во човековата историја. Тоа е екстремен пример, но дури и во обичните сезони на грип низ светот умираат илјадници луѓе секоја година.
4. Вирусот кој предизвикува настинка може да патува до два метри. Доколку во близина има личност која е настината, обидете се да стоите на два метри од неа/него. Вирусот може да патува само толкава дистанца.
5. Некои домашни лекови навистина делуваат. Витаминот Це се’ уште не е докажан дека помага, но докажан лек се супите, посебно пилешката. Освен тоа, пиењето чај ќе го намали воспалението според некои истражувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град