Руски научници очекуваат средба од трет вид за 20 години

“Генезата на животот е неизбежна како и формирањето на атомите. Тоа се фундаментални закони кои важат во целата вселена. Животот постои и на други планети, а ние ќе го најдеме во следниве 20 години“ – истакнал Андреј Финкелштајн, директор на Астрономскиот институт при Руската академија на науките и уметностите, пренесува Ројтерс.

 |  Маја Савиќ  | 
com. graphic
com. graphic

allien-com. graphic“Генезата на животот е неизбежна како и формирањето на атомите. Тоа се фундаментални закони кои важат во целата вселена. Животот постои и на други планети, а ние ќе го најдеме во следниве 20 години“ – истакнал Андреј Финкелштајн, директор на Астрономскиот институт при Руската академија на науките и уметностите, пренесува Ројтерс.

Зборувајќи на форум посветен на вонземниот живот, тој истакнал дека 10% од сите досега познати планети кои кружат околу некоја ѕвезда, многу наликуваат на Земјата. Ако има вода на тие планети, најверојатно има и живот и додава дека вонземјаните во многу што би биле слични со нас, односно би имале две раце, две нозе, глава…

“Можеби ќе имаат различна боја на кожата, но и ние меѓу нас го имаме тоа“ рекол Финкелштајн.

Неговиот институт, уште од 1960 година е во потрага по вонземска цивилизација. “Цело време во потрагата по вонземјаните ние ги чекаме нивните пораки, а не обратно“ изјавил тој.
allien arrival-com. graphic
Пред тврдењето на рускиот астроном, надежите за среќавање живи суштества од останатите планетите ги подгреаја научници од НАСА, тврдејќи дека воочиле фосили на микроскопски суштества во метеори што паднале на Земјата.

Лани експерти од СЕТИ институтот во Калифорнија, врз основа на Дрејковата равенка што се користи за пронаоѓање живот надвор од земјата, пресметаа дека луѓето имаат шанси да налетаат на вонземјани за околу четвртина век.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top