Ремек делото на Вим Вендерс на кино репертоарот во Охрид

Последното остварување на Вим Вендерс „Сѐ ќе биде во ред“, кој премиерно беше прикажан на Фестивалот на Европскиот филм „Синедејс“ вечерва ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Кино проекции ќе има утре и задутре (16-ти и 17-ти декември).

film

vo redФилмот внимателно и точно ја раскажува приказната за вината и потрагата по прошка, и за фактот дека не лечи времето, туку храброста да се соочиме со нештата и да простиме. Посебно самите себеси. Ова е приказна за еден писател, кој по кавгата со девојка му, бесцелно вози, и случајно ќе прегази дете и ќе го убие. Несреќата и последиците од неа оставаат длабоки трауми кај него. Во текот на следните 12 години тој страда, обидувајќи се да пронајде смисла во тоа што се случило и да продолжи со животот, но секој пат кога ќе се погледне во огледалото, тој гледа убиец…

Почетокот на проекциите е во 20 часот, а влезот чини 100 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top