Рецепт за добар брак

Добриот брак и добриот рецепт имаат нешто заедничко – потребни се свежи состојки, оптимална количина од секоја од нив и преданост на личноста која ги користи.

 |  Маја Савиќ  | 
recept
рецепт

Добриот брак и добриот рецепт имаат нешто заедничко – потребни се свежи состојки, оптимална количина од секоја од нив и преданост на личноста која ги користи.

Кои се состојките кои се потребни за успешен брак?

happy couple1. Темел на рецептот – очекувања. Иако често ни говорат дека не треба да имаме големи очекувања, истражувањата откриваат дека е добро ако очекуваме многу од партнерот. Очекувањата, имено, ги зголемуваат шансите дека бракот ќе испадне онаков каков што сакаме. Секако, важно е да се реални.


2. Дневна лажичка љубезност.
Рамнотежата секогаш мора да постои, па така лажичка негативни коментари и критики изедначете ги со барем пет комплименти и убави гестови.
couple
3. Зачинете го бракот со секс. Зависно од тоа колку арома сакате, редовно порцијата зачинете ја со секс. Некои проблеми со помош на физичката блискост можат да се решат сами од себе.

4. Две пакувања пријатели.
Сопствените проблеми и потреби распределете ги на повеќе раменици (пријатели, семејство) затоа што со тек на време вашите проблеми го преоптоваруваат партнерот. Редовно дружете се со другите.

prijateli5. Три лажички почитување. Радувајте се на успесите на партнерот и покажете му колку го цените.

6. Добро измешајте. Партнерот не смее да биде единствениот фактор во животот од кој зависи вашата среќа. Сами погрижете се за сопствената среќа и не го обвинувајте партнерот за своето незадоволство.

7. За крај – една лажичка нови искуства.
Барајте нови, заеднички искуства со партнерот. Работи кои никогаш не сте ги правеле, места на кои никогаш не сте биле. Новите возбудувања ги враќаат пеперутките во стомакот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top