Рано наутро погледнете кон исток

Иако сите предвидувања од почетокот на оваа година укажуваа дека кометата Исон (С/2012 Ѕ1) ќе претставува навистина спектакуларна појава на небото кон крајот на годината (повпечатлива и од Халеевата комета), сепак до тоа најверојатно нема да дојде.

Ison
Исон

Иако сите предвидувања од почетокот на оваа година укажуваа дека кометата Исон (С/2012 Ѕ1) ќе претставува навистина спектакуларна појава на небото кон крајот на годината (повпечатлива и од Халеевата комета), сепак до тоа најверојатно нема да дојде.

Меѓутоа, од почетокот на ноември, Исон нагло ја зголеми својата јонска опашка и општата сјајност. Од небесна појава со визуелна магнитуда 11 (едвај видлива со аматерски телескопи), овие денови веќе има магнитуда 8-9, а во наредните десетина дена се очекува таа да достигне 5-6, односно да биде видлива со голо око. И од Македонија деновиве Исон се поубаво се гледа. Може да се забележи ниско на источниот хоризонт – во соѕвездието Вирго (Девица), непосредно ISON-mapпред изгревање на Сонцето (4.30-5.30 часот), со обичен двоглед. Во следните денови, особено околу 20 ноември, очекуваме кометата да биде видлива и со голо око, особено доколку се добри временските услови. Најдобар период за набљудување ќе биде од 12 до 22 ноември и тоа од 4.30 до 5.30 часот наутро.

polozbaИнаку, на 28 ноември, Исон ќе се приближи на само 1,2 милиони км од површината на Сонцето, па поради таквата близина, има можност оваа комета со пречник на јадрото од само 4 км, целосно да се распадне. Доколку се случи тоа, ќе бидеме сведоци на вистинска спектакуларна појава. Во меѓувреме, доколку сте во можност, следните денови одвоите неколку минути и погледнете ја „зелената комета“ (поради зелената јонска опашка) на источниот хоризонт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top