Работи кои мислевте дека ги знаете

Прочитајте неколку интересни факти за кожата, стапалата, дијамантите и мaрихуаната…

stapala
стапала

Прочитајте неколку интересни факти за кожата, стапалата, дијамантите и мaрихуаната…

carrie1. Должината на Вашето стапало е еднакво на должината помеѓу рачниот зглоб и лактот.
2. Трилерот „Кери“, првата книга на Стивен Кинг, била одбиена дури 30 пати и Кинг ја фрлил во корпа за отпад. Неговата сопруга ја извадила книгата од корпата и го охрабрила повторно да почне да ја испраќа на издавачите. Наскоро, Кинг станал еден од најпродаваните автори на сите времиња.

3. Папата Никола I во 860 г. го прогласил венчалниот прстен како задолжителен при склопување на брак.
4. Вашата кожа потполно се обновува на секои 28 дена.
5. Просечната возрасна личност содржи 7 квинтилиони џули потенцијална енергија (како и 30 хидрогенски бомби).

6. Бисерите се формираат само во една на секои 10.000 школки.
7. Секоја година се ископува околу 130 милиони карати дијамант, од кои само 1 милион завршува како накит.
8. Во некои култури (посебно во Африка) родителите им даваат имиња со негативно значење на своите деца, како „грд“, „незгоден“ и сл., за да бидат непримамливи за демоните.
9. 2.700 години п.н.е. марихуаната се користела како лек во Кина.

dijamanti10. Едно на секои 10 успешни искачувања на Монт Еверест завршува со смрт.
11. 50 од највисоките планини во светот се наоѓаат во Азија.
12. На почетокот на својата кариера Волт Дизни бил отпуштен како новинар бидејќи немал имагинација и добри идеи. После банкротот, тој и неговиот брат ја основале „Волт Дизни продакшнс“, една од најпознатите филмски компании во светот.
13. Географски, Хулунбуир е најголемиот град во светот. Тој се наоѓа во Внатрешна Монголија, автономен регион кој припаѓа на Кина, и се простира на површина од 263.953 квадратни километри. Во овој град живеат 2,5 милиони луѓе.

14. 60% од копнената површина на Африка е прекриена од пустина и неплодна земја.
15. Масабуми Хосоно бил единствениот Јапонец кој го преживеал потонувањето на „Титаник“. Кога се вратил во Јапонија привремено ја изгубил работата, а новинарите го прогласиле за кукавица. Во училишните учебници е опишан како човек без чест и морал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top