Иако 1 април не е национален празник, широко се прославува низ цел свет. На денешен ден се карактеристични маските кои се со цел да не насмеа и расположат.
Иако 1 април не е национален празник, широко се прославува низ цел свет. На денешен ден се карактеристични маските кои се со цел да не насмеа и расположат.
Во Македонија 1 април го одбележуваат маскирани луѓе, особено дечиња, облечени во интересни и уникатни маски. Денес секој може за момент да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу него.
Како се прославува 1 април ширум светот?
Во Франција, Италија и Белгија, денешниот ден се одбележува на интересен и карактеристичен начин. Таму луѓето си подготвуваат хартиени риби и им ги закачуваат на минувачите во знак на шега.
Во Фландрија децата ги заклучуваат родителите во некоја соба, па ги пуштаат откако тие ќе им ветата дека ќе им купат бонбони и чоколади.
Членовите на кралската династија во Кореја на овој ден смееле да се шегуваат со кого ќе посакаат, без разлика на чинот. Тие ставале снег во чинии и ги испраќале кај роднините и пријателите. Оној којшто ќе добие ваква чинија со снег се сметал за губитник и морал на испраќачот да му испрати некаков подарок.
На Филипините луѓето се шараат меѓусебе со жолта боја, им ги боеле облеките и лицето.
Во Полска се подготвуваат поелаборирани шеги. На пример, медиумите објавуваат информации во јавноста кои се интересни, но не сериозни за да би предизвикале вознемиреност кај гледачите. Потоа се објавувало дека станува збор за шега.
Денот на шегата во Шкотска се одбележува на следниот начин. Некој човек ќе одбере пријател или роднина и го замолува да испрати писмо во негово име. Примачот ја чита пораката и мора да најде друг човек којшто ќе продолжи да ја испраќа понатаму.
Во целиот свет се одбележува некој ден на шегата, ден којшто е наменет за забава и ширење на смеа помеѓу лушето.
На денешниов ден маскирајте се доколку имате можности и забавувајте се со пријателите, роднините, колегите и соседите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град