Прва жичка за водичка…

Советот колку вода дневно треба да пиете, а кој го добивате со години можеби не е толку вистинит.

dvojka
двојка

Секој слушнал дека треба да се пијат осум стандардни чаши вода секој ден. Се чини дека ова не е целосно точно. Некои препорачуваат 13 чаши вода за просечен маж, а 9 чаши вода за просечна жена.

бебеНо, потребното количество вода кое треба да се конзумира зависи од околината во која се живее, тежината, па дури и животниот стил кој се води.

60% од целосната телесна тежина на човекот е вода и таа ги одржува во живот нашите органи. Бидејќи постојано губиме вода преку потењето, урината, па дури и преку дишењето, пиењето доволно вода е многу важно. Доколку дехидрирате ќе немате доволно енергија и ќе имате вртоглавици и главоболки и ќе бидете уморни.

Доколку вежбате губите повеќе вода од просечниот човек. Затоа, битно е да се пие вода претходно, за време и после вежбањето. Дополнителни 1-2 чаши вода би требало да бидат доволни за кратко вежбање. Доколку вежбате подолго или трчате маратон, потребно Ви е многу повеќе вода од тоа.

vodaВо текот на летото ќе треба да пиете повеќе вода од препорачаното количество. Освен тоа, повеќе вода треба да пиете додека сте болни со температура, повраќате или имате дијареа. Доколку имате настинка, пиењето вода може да Ви помогне да оздравите побргу.

Уште една причина за пиење повеќе вода од препорачаното е бременоста или доењето. Една бремена жена мора да пие најмалку десет чаши вода дневно, додека жена која дои мора да пие тринаесет чаши вода секој ден.

Како да знаете дека пиете доволно? Може да ги броите чашите или да познаете преку бојата на урината. Посветло=подобро. Доколку не сакате да пиете вода, може да конзумирате сок, млеко или кафе или да направите комбинација од сите. На здравје!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top