Пронајден „таткото“ на сите јазици

На крајот на последното ледено доба, постоел само еден јазик, сѐ додека не се разделил во јазиците кои ги зборуваме низ Европа и Азија.

hamurabiev zakonik
хамурабиев законик

Пред најмалку 15.000 години, започнал да се разгранува единствениот јазик на Земјата. Тој се разгранил во седум различни јазики и во следните 5.000 години, во уште илјадници. Тие јазици станале оние кои се зборуваат од страна на милијарди луѓе низ Европа и Азија.
Седумте јазици се дел од „суперсемејството“ на евроазијските јазици, пренесува „Гардијан“. Долго дебатираната теорија за историјата на човековиот говор изгледа дека е конечно потврдена. Тешко е да се пронајдат оригиналните зборови бидејќи речиси половина од нив се заменети со комплетно различни зборови, и ваквите промени се случуваат на 2.000-4.000 години.

hamurabiev zakonikНо, британскиот тим кој работел на теоријата за суперјазикот веќе има покажано дека одредени зборови остануваат исти во период од десетици илјадници години подолго. Со помош на компјутерски модел за пребарување на зборови кои се менувале многу, многу ретко, тимот одредил кои модерни зборови веројатно звучеле слично како некои зборови во античките јазици, а потоа ги провериле резултатите во однос на листа зборови создадена од лингвистите. Ова ги довело до разделување на еден заеднички јазик пред околу 15.000 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top