Пријава против Северина: Го гаѓала соседот со живи јајца

Пејачката Северина Којиќ е пријавена во полиција затоа што наводно, фрлала со живи јајца кон соседот (77) од Загреб.

 |   | 

Имено, како што се наведува, тој истакнал дека нејзините јајца „му се цеделе низ маицата и панталоните“ и пријавил сè во полициска станица, пишуваат хрватските медиуми.
За време на интервенцијата, Северина и рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува соседот“ и дека „ручала на маса со своето семејство“. Но, нејзиниот сосед истакнал дека тој сепак имал уште еден проблем.

„Некој ми ги откорнал бришачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам“ – изјавил комшијата на Северина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top