Презентерката на Фокс њуз е единствената која предизвикува запрепастеност кај кандидатот на републиканците, со својот остар пристап во интервјуата, prenseuva „Guardian“.
Презентерката на Фокс њуз е единствената која предизвикува запрепастеност кај кандидатот на републиканците, со својот остар пристап во интервјуата, prenseuva „Guardian“.
Презентерката на Фокс њуз, Мегин Кели, не е првиот новинар кој го навлече на себе гневот на Доналд Трамп. Но, таа можеби е првата која го натерала воинствениот републикански претседателски кандидат на потчинетост.
Се разбира, таа мора да е првата ТВ-презентерка која посветила цела емисија во живо на топ настан за кој беше, како што рече во вторникот, „само за вас“.
Тоа беше начинот на кој таа информираше за тоа дека Трамп се повлекува од финалната републиканска ТВ-дебата пред внатрепартиските избори во Ајова, во суштина, затоа што не му се допаднала идејата да биде испрашуван од Кели.
„Тој не може да ги контролира медиумите“, им рече Кели на гледачите во своето вечерно шоу „Досието на Кели“, неколку часа по драматичната изјава на милијардерот дека се повлекува од дебатата.
„Додека тој јасно ми ставаше до знаење какво е неговото мислење за мене по првата дебата и Роџер Ајлис јасно ми го кажа својот став“, изјави таа, осврнувајќи се на директорот на ТВ Фокс њуз , кој застана зад Кели. Таа додаде дека Трамп го покренува прашањето за нејзиното модераторство на претстојната дебата „одново и одново и одново и одново“.
Објавувајќи ги своите намери да се повлече од дебатата во вторникот, нервозниот Трамп изјави дека верува оти неговиот противник е „сосема неважна личност“.
Следното утро, Трамп отиде подалеку и на „Твитер“ напиша: „Одбивам да ја нарекувам Мегин Кели атрактивна, но празноглава убавица, бидејќи тоа нема да биде политички коректно. Наместо тоа, ќе ја нарекувам неважен новинар!“
„Немам никаква почит кон Мегин Кели. Не мислам дека е многу добра во она што го прави“, изјави Трамп.
Ривалите на Трамп во републиканската трка за номинација побрзаа со критиките за поранешната ТВ-ѕвезда од реални шоуа, а американскиот сенатор Тед Круз од Тексас го преплави со серија твитови обвинувајќи го за „треперење од испрашувањето на Кели“.
На настанот во Де Моан, Ајова, Круз отворено му се потсмеваше на Трамп, нарекувајќи го „кревка душа“ и „нежен“ и ја повтори својата понуда во сабота навечер да дебатира со Трамп во четири очи.
Гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, уште еден претседателски кандидат на републиканците, ја опиша одлуката на Трамп во таков клучен момент како „голема грешка“ која фрла сомнеж врз неговата способност да биде претседател.
„Секогаш кога ќе добиеш подиум и микрофон и аудиториум од 15-20 милиони луѓе во изборна кампања, треба да ги прифатиш“, изјави Кристи за Радио Бостон хералд.
Досега е невидено претседателски кандидат да се повлече од телевизиска дебата во пресрет на изборите во Ајова. Тоа е особено значаен потег за Трамп, кој долго време негува имиџ на дрзок кандидат кој не се плаши од никого, ужива во конфронтација и како што рече, секогаш е „победник“.
Дебатата на Фокс њуз, која вчеравечер требаше да се одржи во Де Моан, е од клучно значење за кандидатите да ги изнесат своите ставови пред гласачите во Ајова пред првите внатрепартиски избори следната недела. Бојкотирањето на настанот е огромен ризик за Трамп, кој според анкетите е во изедначена трка со сенаторот на Тексас, Тед Круз.
Фактот дека Кели (45) работи за Фокс њуз, која многу често беше поддржувач на Трамп, може да е само делумно објаснување зошто Трамп ја смета за особено здодевна.
Нејзиниот дрзок, безмилосен и често зајадлив пристап кон политичките интервјуа и’ донесе вечерен термин во Фокс њуз, како домаќин на „Досиејата на Кели“ и улога на кодомаќин на претседателските дебати на телевизијата и ја направи сериозен противник за политичарите од сите редови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град