Претеседателот на Собранието на РМ ги распиша изборите

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите, информириаат од неговиот кабинет, пренесува „Инфо + порталот“.

трајко

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите, информириаат од неговиот кабинет, пренесува „Инфо + порталот“.

„Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштенето испратено до медиумите.

ресениеВчера лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека се надева дека Вељаноски нема да ги распише изборите, зошто се уште не се создадени услови за тие да видат легални.

Тој ја повика Државната изборна комисија да каже дали може да стаса со прочистувањето на Избирачкиот список до изборите, но одговор од ова тело засега нема. Претседателот на ДИК Александар Чичаковски пред неколку дена рече дека нема да го потпише списокот, ако остане и еден сомнителен гласач.

Да не ги распишува изборите вчера го повикаа и 84 невладини организации од Македонија со отворено писмо до највисоки функционери и тела на Европската Унија побараа да се преиспита одлуката за одржување избори на 5 јуни, да се свика повторно Собранието, а претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција и да си поднесе оставка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top