Премиерот на Република Македонија Никола Груевски вечерва во своето обраќање до јавноста најави дека денес на 15-ти јануари 2016 година ќе ја поднесе својата оставка до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

-Навршуваат 100- дена пред 24-ти април, денот за кој е договорено да се одржат Избори и тоа е влезно во закон. Јас стојам и за тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета неизвесност, да се остават сите проблеми и конфликтност зад нас и сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива. Утре изутрина до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата Претседател на Владата, која ќе биде ефективна на 100 дена пред официјалниот датум на Избори. Оваа оставка ја покажува силата на нашето убедување и вербата во демократијата. Најдобрата победа над оваа валкана кампања против Македонија, водена преку најразлични методи во изминатава година, се чисти избори кои нема да дадат никаков изговор за никого, рече во своето обраќање Груевски.
Груевски истакна дека тој и неговата партија го повлекле овој чекор за доброто на државата и на народот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град