Деми Мур, поранешната сопруга на Брус Вилис и на Ештон Качер, е прогласена за ѕвезда што „најубаво старее“ во истражувањето на британскиот моден сајт „MyCelebrityFashion“.
Деми Мур, поранешната сопруга на Брус Вилис и на Ештон Качер, е прогласена за ѕвезда што „најубаво старее“ во истражувањето на британскиот моден сајт „MyCelebrityFashion“.
Биле анкетирани 1.300 жени за да се дознае кои се, според нив, ѕвездите што најубаво стареат.
Деми Мур се нашла на првото место со 55 отсто од гласовите. Глумицата, која неодамна се разведе од Ештон Качер, и понатаму изгледа одлично, и покрај тоа што навлезе во шестата деценија од животот. Иако негира дека имала какви било естетски интервенции, тешко е да се поверува во тоа.
На второто место е 64-годишната пејачка и глумица Оливија Њутн Џон, ѕвездата на славниот „Брилијантин“ (Grease), а на третото 67-годишната оскаровка Хелен Мирен. Четвртото место го зазела првата дама на САД, 49-годишната Мишел Обама, а петтото 54-годишната глумица Мишел Фајфер.
На шестото место е Твиги, култната манекенка од 60-тите, која сега има 63 години, а по неа следуваат 55-годишната Шерон Стоун и омилената американска водителка, 59-годишната Опра Винфри.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град