Празниците, период на среќа ама и на кавги

Празниците иако се време на радост поделена со саканите, за многу двојки значат и период на бескрајно долги расправии и разменување на аргументи.

zrtva
жртва

Празниците иако се време на радост поделена со саканите, за многу двојки значат и период на бескрајно долги расправии и разменување на аргументи.

dvojkaНервозата која ги зафаќа сите за време на празниците, конфузијата и брзото темпо влијаат на луѓето, па тие наместо да се сакаат, започнуваат еден вид на борба меѓу себе. Еве што се влијае на тоа:

– Семејството

За жал семејството може да биде една од главните причини за љубовните расправии за време на празниците, бидејќи ги влечи партнерите кон домот, па им го расипува времето кое тие треба да го поминат еден покрај друг. Оваа година потрудете се да пронајдете мудро решение за задоволување на двете страни и за избегнување на ваквите конфликти.

– Финансиите

Празниците се скапи, посебно во овој период кога речиси сите се борат со сиромаштијата. Купувањето подароци, организирањето на дочек на новата година, па и полнењето на празничната трпеза може да виде вистински луксуз и стрес за многу двојки, кои со расправии мислат дека ќе го решат ова. И да немате пари потрудете се да останете смирени и да уживате во љубовта на партнерот, барем таа е бесплатна.

кавга– Заедничкото време

Празниците треба да донесат минување на многу заеднички мигови со партнерот, но затоа треба да се направи договор како точно ќе се минуваат истите. Секој погрешен компромис или наметнување на својата волја на партнерот може да биде поле за недоразбирања.

– Додатниот стрес

 За време на празниците луѓето често патуваат, а токму тие часови минати во патување може да донесат голем стрес, кој го исцрпува и најцврстото трпение.

– Непријатните прашања

Празниците може да бидат тежок период поради средбите со семејството и нивното бомбардирање со прашања од типот: кога ќе стапите во брак, дали има на повидок принова, како ви е среден домот и слично. Обидете се да ги толерирате сите, и не истурајте му го бесот на партнерот за истите.

– Подароците

Не обвинувајте го партнерот за погрешниот подарок кој ви го купил и не создавајте тензии за истиот. Бидете благодарни на вниманието, кое е од суштинско значење за една љубовна врска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top