• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • Познатиот македонски уметник со светско реноме Дуке Бојаџиев вечерва ќе биде дел од фестивалот „Охридско лето“

Познатиот македонски уметник со светско реноме Дуке Бојаџиев вечерва ќе биде дел од фестивалот „Охридско лето“

Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 22 часот, а освен него, како вокал и клавирист, ќе настапат Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас, Костас Анастасиадис  на тапани, како и Наташа Петровиќ, вокал и нарација.

 |   | 

Македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк, Дуке Бојаџиев вечер со свој концерт пред фестивалската публика на годинешното „Охридско лето. Низ неговата интернационална кариера, Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов.

„Овој пат свирам со мојата стара постава со која настапувам овие години , Исмаил Лумановски на кларинет, тој доаѓа од Њу Јорк, Мартин Ѓаконовски Шпато од Келн и Костас Анастасијадис е од Солун. Тие ми се стар тим со кои работиме концерти веќе неколку години и овој пат ќе има доста нови нумери . Нормално ќе има и од старите кои не може а да не се отсвират. Така што ќе биде ново издание, некое посвежо. Ја имам Наташа Петровиќ повторно за нарација на поезија и имам некои специјални гости кои нема да ги откривам, ќе ги најавам во последен момент на концертот“ Дуке Бојаџиев – Музичар.

Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како: „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, разни светски компилации како Буда Бар и Маракеш Експрес. Има работено со артисти како Синди Лопер и „Телепоп Мјузик“, а има настапувано во светски концертни сали меѓу кои: „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Авалон театар“ во Лос Анџелес и на Античкиот театар во Охрид. Но за бојаџиев, враќањето во Охрид а посебно настапот пред фестивалската публика на „Охридско лето“ е она на што најмногу му се редува.

„Секогаш најголема возбуда ми е настапувањето во Охрид затоа што се чувствувам поврзан со езерото , имам некоја енергетска поврзаност со градов и со луѓето, имам многу пријатели тука во Охрид. Тоа се пријателства од детството што ги негувам до денес. Така да ми е убајна“ кажа Дуке Бојаџиев – Музичар.

Инаку Дуке Бојаџиев има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 22 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top